Маж вооружен со нож нападна неколку лица во Финска

0
385

Маж со нож прободе неколку лица во финскиот град Турку.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е застрелан во нога и дека е уапсен.

Електронското издание на весникот „Турун-Саномат“ објави дека едно лице загинало, но полицијата не ја потврди ваквата информација.

Од полицијата засега нема бројка на евентуални жртви или повредени лица.

Поради нападот, зголемена е безбедноста и во главниот град Хелсинки.

http://makfax.com.mk

Без коментари