Маж ѝ впери пиштол на новинарка додека се јавувала во живо

0
406

Телевизиска екипа на Радио-телевизија Војводина, денеска се соочи со инцидент додека имаше пренос во живо на утринската програма, каде непознат маж почнал да се заканува со оружје.

Во моментот додека репортерката известува од терен, кон неа приоѓа мажот со пиштол во раката. Тој со оружјето мафта на камерата, а потоа си заминува.

Како што се гледа во видеото, новинарката останува присебна и продолжува со извештајот за временските услови.

По инцидентот, телевизијата поднела пријава против лицето кое се заканувало со оружје.