Мажоретките од Херцег Нови низ битолскиот Широк Сокак

0
1475

Средби на стопанственици од Битола и Херцег Нови за унапредување на економската соработка меѓу Црна Гора и Македонија  се одржаја во рамки на манифестацијата „Денови на Мимозите“ во Битола. Која ја организира амбасадата на Црна Гора во Македонија и конзулатот на Црна Гора во Битола, во соработка со Националната туристичка организација на Црна Гора, општина Херцег Нови и туристичката организација на Херцег Нови.
Амбасадорот на Црна Гора во Македонија Предраг Митровиќ заедно со делегација од Црна Гора оствари средба и со Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески при што ја потенцираа нивната соработка меѓу Македонија и Црна Гора.
taleski

-Одличните односи меѓу нашите две држави, Македонија и Црна Гора се една потврда за приемот кај градоначалникот Талески и сакам да нагласам дека во сите сегменти Македонија и Црна Гора имаат одлична соработка. Оваа година и следната уште повеќе, акцент ќе биде ставен на повеќе активности, меѓу кои и зголемена соработка на полето на културата“ – истакна Предраг Митровиќ, амбасадор на Црна Гора во Македонија
mazuretki

Градоначалникот Талески истакна дека и покрај тоа што Битола и Херцег Нови веќе подолго време се збратимени градови, оваа средба е почеток за голема и идна плодна соработка

– Има повеќе сегменти во кои што сакаме да направиме соработка, се разбира пред се она што е најважно секогаш при овие средби е стопанството. Се надевам дека и тука ќе се снајдиме, во секој случај договоривме неколку акценти кој што ќе се однесуваат на стопанскиот развој меѓу двете пријателски земји. Земји кои што немаат ниту едно отворено прашање кое што е како тема или нешто сторено, изјави Градоначалникот Владимир Талески

Во рамки на манифестацијата „Денови на мимозите“ во Битола, беа промовирани црногорските и херцегновските туристички потенцијали.

mazuretki-1

-Му благодарам на Градоначалникот што имаше сенс да го прифати гостувањето на екипата , со ова сакаме да го обновиме збратимувањето меѓу Црна Гора и Битола и да дадеме акцент на културниот-економска соработка меѓу Црна Гора и Република Македонија , изјави Миоград Андијашевиќ почесен конзул на Црна Гора

-Сакам да се заблагодарам за гостопримството на братскиот град Битола и да го оценам денешниот состанок како конструктивен и многу креативен по прашања, размена на мислење и соработка поврзана за природните потенцијали на овие две општини како и културните потенцијали. Нашата желба е овие состаноци во иднина да продолжат и се што нашите претходници остварија додека биле на функција во општините да ја унапредат и да ја подигнат на поголемо ниво, ние да го продложиме тоа.

-Денеска успеавме во еден краток разговор да направиме една сораотика . Се надевам дека следната година на ќе слкучиме соработка помеѓу два фестивали еден што е во Црна гора фестивал на екологијата поделен во 3 сегменти , заедно со филмискиот фестивал Браќа Манаки во Битола.

Мажоретките од Херцег Нови во придружба на Дувачкиот оркестар одржаа дефиле низ главната улица на Битола за време на пладневниот метеж од минувачи. Битолчани беа воодушевени од грациозноста на девојките, а музиката го живна битолскиот сокак.

Без коментари

LEAVE A REPLY