Мечот на Пелистер со Лех наместо во 19.00 часот ќе се игра два часа порано

0
570

Битолски Пелистер в четврток ќе игра реваншот против полскиот Лех во рамките на квалификациите за Лигата на Европа. Наместо во првичниот термин, во 19 часот, стартот на мечот е поместен за два часа порано, од 17.00 часот.

„Зелените” на првиот дуел во Полска загубија со убедливи 4-0, но се надеваат дека со помош на “жештината” во Струмица ќе можат да ги изненадат гостите од Полска.

Поради зафатите за организацијата на Суперкупот на Европа, Пелистер ќе биде домаќин на стадионот “Младост” во Струмица.