Медицинска сестра од Прилеп украла 400 ампули диазепам

0
573

Медицинска сестра украла 400 ампули диазепам од болницата во Прилеп „Борка Талески“.

Четириесет ичетиригодишната К.Ч., која била вработена како медицинска сестра во болницата, во текот на 2014 и 2015 година  противправно присвоила вкупно 400 ампули „диазепам“ кои и биле доверени во службата.

Станува збор за специфичен вид лекарства, чија цена на нелегалниот пазар е многу висока.

Против неа е поднесена кривична пријава за „проневера во службата“.