Медицински симпозиум на Неуромедика во Битола

0
914

Симпозиум на актуелни медицински теми се одржа во Битола. На кој лекари и професори одржаа предавања за своите врвни научни достигнувања со цел да се пренесат нови научни и практични методи во медицината

– Неуромедика направи една свој семинар со мали мини конгреси и веќе ова е трета година . Го правиме во Битола Штип и во Скопје , бираме поединечни теми и 3 до 4 предавачи и мислам дека има доста голема посетеност, убаво е да се чујат новините во медицината и на дијагностички и на терапевстки план и на клинички план , и сетоа тоа што е ново во оваа година на медицината, изјави Проф. Д-р Миодраг Врчаковски неврорадиолог

На мини конгресот ќе бидат презентирани нови и актуелни трудови, а една  од нив ќе биде и темата хернирање во трансверзален венски синус за кој што ќе зборува прф. Врчаковски.

– Десетина случаи во светот има што се опишани со овој проблем, пациентката која ја обработубвам веќе предходно поминала низ една дијагностичка процедура и погрешно е дијагностицирана, како тромбоза во венскиот синус а всушност се работи токму за овој феномен, значи повеќе луѓе ги имале дијагностичките податоци но не успеале да ги поврзат работите, изјави Миодраг Врчаковски, неворадиолог

Додека пак, Проф. Д-р Зафироски , ќе презентира приказна на млада фамилија која се бори со малигните заболувања.

– Денешната тема е една интересна приказна на една млада фамилија која се бори со малигните заболувања и спрема деншниве наоди, спрема досегашниве испитувања, и спрема досегашниот тек на болеста најверојатно тие малигни болести ќе бидат совладани, изјави, Проф. Д-р Ѓорге Зафировски ортопедски хирург и трауматолог.

Инаку овој симпозиуми ширум Македонија е 8-ми по ред во организација на Неуромедика, кои имаат за цел споделување на научните и здравствени достигнувања на оваа приватна здравствена институција која веќе 25 години е во служба на здравство.