Медиумите се огледало на општеството, ако се слободни и критички, ние сме слободни и безбедни

0
382

Медиумите се огледало на нашето општество: ако тие се слободни и критички, ние сме слободни и безбедни, изјави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини , по повод 2-ри ноември, Меѓународниот ден за ставање крај на неказнувањето на казниви дела дела против новинари.

„И покрај тоа, додека ние го одбележуваме Меѓународниот ден за ставање крај на неказнувањето на казниви дела против новинари, новинарите во многу земји во светот се соочуваат со зголемено ниво на заплашување и насилство“, вели Могерини, додавајќи дека нападите врз новинари не претставуваат само напади врз жртвите, тие истовремено претставуваат напади на слободата на изразување и слободата на медиумите.

„ЕУ очекува државните власти целосно да се придржуваат до своите меѓународни обврски за ефикасна, навремена и  независна истрага на таквите кривични дела и доведување на државните и недржавните извршители и поттикнувачи на тоа насилство пред лицето на правдата“, заклучува Могерини./крај/мф/бс