Медот скоро двојно поскап од лани

0
205

Цената на медот оваа година, порасна за повеќе од 40 отсто во споредба со лани. Една тегла мед на средбата на пчеларите во Штип, се продаваше од 350 денари па нагоре.

Главната причина за поскапувањето на медот, пчеларите ја наоѓаат во недостатокот на овој производ на пазарот и зголемените цени на останатите производи.

Покрај тоа, на плечеларите дополнително им се отежна производството со новите законски прописи кои налагаат нови начини на производство и повисоки трошоци.

Дополнителен фактор кој ја зголеми цената на медот се и големите загуби на пчеларите кои ги претрпеа поради климатските промени.