Мега ѕвездата Sonique доаѓа во Битола

0
2986

 

На 26- ти август традиционално, по седми пат и оваа година ќе се одржи настанот наречен „Широк Сокак во бело“ – традиционалната Бела ноќ во Битола.

За забавата да биде на највисоко можно ниво оваа година во Битола доаѓа Sonique.
Директно од Лондон, Sonia Clarke позната како Sonique, денес важи за инспирирачка и уникатна фигура на современата денс сцена. Таа е пејачка, диџеј, продуцент и композитор, а музичкиот свет ја препознава како еден од највозбудливите артисти на денс сцената со потполно автентичен звук. Нејзиниот интернационален мегахит „It Feels So Good“ во 2000-та беше број еден хит на најголемите светски листи, заврши како британски бр.1 хит додека Sonique таму истовремено го имаше и второто место со песната „Sky“, а ѝ обезбеди почесно место и во Гинисовата книга на рекорди. Наредната 2002-ра година таа победи на престижните Brit Awards во категоријата Најдобар британски женски соло артист и тоа во конкуренција на Dido, Jamelia, PJ Harvey и Sade. Потоа беше актуелна со албумот„Sweet Vibrations“ и многу други синглови .

Меѓу досегашните учесници на овој настан се и Џуниор Џек, Кирил Џајковски, диџеј ѕвездите Дејвид Моралес, Хернан Катанео и Том Нови, Морена, Том Боксер, како и голем дел македонски диџеи и продуценти.

 

Магичната атмосфера на многу забава, насмевки, одлична музика, повеќе илјадна публика, секоја година е украсена со декорација на екстериерот во белата боја од локалните кафе барови и убаво дотераните „во бело“ битолчани и битолчанки и гостите од другите градови, но и држави.
Манифестацијата „Широк Сокак во бело“ е дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2017.

 

Без коментари