Мегабомбата на САД убила 36 терористи

0
795

Најмалку 36 лица од терористичката група “Исламска држава” беа убиени вчера од најмоќната ненуклеарна бомба користена некогаш од САД. Ова го соопшти владата на Авганистан, цитиранa од AFP .

Ударот беше нанесен против комплекс од тунели на ИСИС во провинцијата Нангахар. Користена е суперсилна бомба GBU-43, која Пентагон ја нарекува “мајката на сите бомби” (нејзината тежина надминува 9,5 тони).

Портпаролот на Министерството за одбрана Адам Стамп изјави дека ова е прв пат, во кој се користи слично оружје, создадено за време на војната во Ирак во 2002-2003 година.

Според информации од Вашингтон при последниот тест на бомбата во 2003 година таа предизвикала огромен облак кој можел да биде виден од 32 километри.

“Американско летало ја пушти бомбата GBU-43”, изјави Стамп, додавајќи дека “сите ризици за авганистанските и американските воздухопловни сили биле минимални”. Тој додаде дека се земени и сите мерки на претпазливост за да нема жртви меѓу цивилното население.