Меѓаши со претставка до Народниот правобранител за колумната на Шиндре

0
1353

Сексуалноста над рационалноста, ова е насловот на колумната на Никола Шиндре објавена на порталот Антропол, а напишана од авторот за како што вели во одбрана на најмаргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни.

Меѓу другото во оваа колумна Шиндре напиша:

„За да го напишам овој текст бев поттикнат од многу работи, од некои изјави на еминентни шефови на катедри, ревносни борци за правда, пред сè конзервативци, кои, замислете, се дрзнаа да кажат дека оној кој имал секс на 13 години немал секс воопшто, туку бил искористен за да некој друг има секс со него, притоа не прашувајќи дали другиот имал 12, 15 или 55 години. Морам да признаам дека, дури и покрај моите крајно слободарски гледишта за слободите на човекот (а и детето е човек), мене би ме заинтересирало, пред да дадам суд колку бил стар партнерот на тринаесетгодишникот, како се запознале и можеби уште некоја друга информација која би се наметнала како важна. Сепак, морам да кажам дека првенствено би ги прашал обајцата дали слободно и по сопствена волја се впуштиле во сексуално општење, напиша тој.

Текстот  наиде на остри реакции во јавноста. Освен на социјалните мрежи, со реакција се огласи и опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„СДС трети ден не се дистанцира од ставовите на  учесникот на „шарената револуција“ Никола Шиндре, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај одреден број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, во која се релативизира педофилијата и повикува на омекнување на законските санкции кон педофилите.

Јавноста е згрозена од основната цел и теза на натписот „Во одбрана на најмаргинализираните сексуални заедници – децата кои сакаат да имаат секс и децата кои сакаат да имаат секс со возрасни“. Не осудувањето на ставовите за поддршка за педофилијата од страна СДС значи прифаќање на ваквите ставови. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден чекор кој ќе значи намалување на казните за педофилија. Ваквиот став мора да се осуди“ вели Невенка Стаменковска од ВМРО ДПМНЕ.


Да не дозволиме на мала врата, преку медиумскиот простор, легализација на едно од најопасните кривични дела кои оставаат трајни последици по личноста на детето (сексуална злоупотреба / педофилијата ) и немаат врска со сексуалната слобода и борбата за правата на ЛГБТ заедницата! Затоа Детската амбасада Меѓаши ќе се обрати до Народниот правобранител со претставка за користење на медиумскиот простор при што се прекршуваат правата на детето“, велат во соопштението од Меѓаши.

Змијанац потенцира  дека ставовите на Шиндре за педофилијата се спротивни на членот 3 од Конвенцијата за правата на детето. За објавената колумна и користење на медиумски простор со што се прекршуваат правата на детето од  детската амбасада најавија и претставка до Народниот правобранител.