Меѓународен ден на среќата

0
528

Што е среќа? Ако ја прашате „Википедија“, ќе ви каже дека „среќата е чувство што го поседува секој човек. Некогаш тој поединец не е свесен за среќата што ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите што не’ прават среќни се мали и безначајни, а работите што не’ растажуваат се големи“.Среќата навистина ја прават малите работи, секојдневни ситници на кои често не ни обрнуваме внимание. За среќа не е потребно многу: за некого тоа е едноставно возење велосипед на дожд… Што е среќа за битолчани?

-Здравјето пред се. За луѓето да бидат среќни треба што побрзо да се реши политичката криза во државата и младите да бидат вработени, вели битолчанец

-Животот е среќа. Да има вработување, да имаме повеќе пари, и да се реши политичката ситуација во државата, вели битолчанка

Светот денес го одбележа 20 март, Меѓународниот ден на среќата. Се работи за „празник“ кој во 2012 година го воспоставија Обединетите нации, а нивната намера била да се покаже дека бруто-домашниот производ (БДП) не може да биде показател за напредокот на некоја земја и оти во таа смисла, потребни се подобри параметри за добросостојбата на едно општество, вклучувајќи ја и – среќата на жителите. Познавачите на приликите ќе речат дека најдобриот рецепт е да уживате во она што го работите. Не работете само за пари, слава, моќ, направете нешто и за свое задоволство, живејте во сегашноста, а не во минатото, прифатете ги предизвиците, сонувајте со отворени очи, мислете позитивно, не споредувајте се со никого, бидете помалку сериозни… И да – ставете ја насмевката на лицето: смејте се !