Меѓународен ден на жената – 8-ми Март

0
913

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената – 8-ми Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март е прогласен за државен празник.

Без коментари

LEAVE A REPLY