Меѓународен одбојкарски натпревар во Битола

0
524

Битола беше домаќин на меѓународен одбојкарски натпревар. Освен трите домашни екипи дојдоа и одбојкарките од Солун, Грција. И за едните и за другите најважна е играта и дружбата, но секако и резултатот.

„Многу е убаво што сме тука. Мојот тим е среќен што денеска е тука и едвај ја чекаме играта. Се надеваме дека ќе бидеме победници и дека ќе одиграме одличен натпревар“, вели одбојкарка од тимот од Солун.

По петти пат во салата на медицинското училиште го организираа турнирот, а како што веќе рековме за прв пат меѓународен со гостите одбојкарките од Солун.


Освен гостите од Грција и домаќинот Пелистер Волеј, на турнирот учествуваа и се натпреваруваа и УГД Студент-Штип и Јанта Волеј-Скопје.

Грците го освоија прво место, второ место за екипата од Скопје, третото место за одбојкарките од Штип.

Тренерот на Пелистер Волеј вели дека се подговтвени и за првенството на кое ќе атакуваат на погорните места на табелата.

Без коментари