Меѓународната организација бара затворање на ЗОО во Битола

0
2197

Меѓународната организација за заштита на животните (ОИПА) и организацијата „Анималиа“ од Охрид упатија апел до македонската влада во кој бараат да се затвори зоолошката градина во Битола. Во писмото стои дека животните престојуваат во несоодветни услови и се хранат со мртви тела на кучиња скитници.

Screenshot from 2016-07-19 15:36:49

„Овој објект мора да се затвори што е можно поскоро, а животните да се преселат во соодветно живеалиште. Чувањето на овие животни во мали бетонски кафези претставува нивна сурова злоупотреба. Животните не се објекти кои можат да се користат за да се соберат пари и да се води бизнис“, се вели во апелот до македонската влада.

По овие обвинувања одговор побаравме од првиот човек на ЗОО во Битола, кој вели дека со дозвола на Агенцијата за храна и ветеринарство ЗОО во Битола работи по сите европски стандарди

zoo1

-Пред извесен период набавивме нови животни од Белград во ЗОО во Битола. При самиот увозот Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежна да ни даде дозвола дека ги исполнуваме сите услови по правилникот за чување на животни во заробеништво. Не можеме да ги увезиме животните доколку не ги задоволуваме потребните услови, изјави Ѓоко Дамески директор на ЗОО Битола

Дамески вели дека организациите што бараат клуч на зоолошката градина се служат со стари фотографии и немаат реална слика за тоа каква е состојбата во зоолошката во последната година.

zoo2

– Гледам дека се работи за стари фотографии , која е нивната задна намера не можам да ви кажам очигледно дека само тие знаат, додаде Дамески

Во последната година се вложени 2 милиони денари во подобрување на условите во живеалиштата на животните во битолската зоолошка градина, вели Дамески

-Реновирани се кафезите за мајмуни каде е инсталирано парно греење, осветлување, а нови живеалишта имаат и тигрите и мечките.

zoo3

Посетеноста на ЗОО по нејзиното реновирање била 100 % зголемена, вели директорот. Ако во 2014 година имало 10.000 посетители во текот на годината, лани тој број достигнал до 21.000 посетители