Меѓународната заедница ќе реши дали ќе има услови за избори во април

0
444

Меѓународната заедница ќе одлучи дали Македонија ги исполнува условите на 24-ти април да избира нова Влада – заеднички е ставот на евроамбасадорот Аиво Орав и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Тие денеска се сретнаа со Премиерот задолжен за организација на изборите, Емил Димитриев, кому уште еднаш му предочиле дека исполнувањето на Пржинскиот договор има клучна улога за спроведувањето на кредибилни избори. Точките кои ќе треба да го поминат меѓународниот филтер се работата на ДИК, медиумските реформи и одвојувањето на државните и партиските активности. Сепак, последниот збор за датумот ќе го имаат македонските политички лидери.
Македонија ги исполнува сите услови да организира избори по европски терк, кои пред се ќе бидат демократски и кредибилни – јасен ставот на Димитриев. Тој напомена дека датумот на избори не е под знак прашалник, и дека Македонија е подготвена на 24-ти април да одлучува за нова Влада.
Писмото со критериумите кои треба да се исполнат, Орав и Бејли им го доставиле на сите четворица лидери-потписници на Пржинскиот договор, а средбата со Димитриев ја оценија како конструктивна.

Без коментари

LEAVE A REPLY