Мексиканец на сопругата и рекол дека излегува по цигари, заминал во Русија на Купот на конфедерации

0
1222

Мексиканскиот навивач Артуро Гарсија има приказна која го обиколува фудбалскиот свет, и рекол на сопругата дека ќе се симне само да купи цигари, а заминал во Русија да ја гледа својата репрезентација на Купот на конфедерациите.

Фудбалските фанови важат за најпасионираните фанови во светот на спортот, многумина од нив би направиле се за да го гледаат нивниот тим, токму таква е и приказната на Артуро Гарсија.
Мексиканскот навивач кој живеел во Пуебла, и рекол на својата сопруга дека ќе се симне да купи цигари, но тој отишол со своите пријатели да гледа фудбал, но не во паб, туку во Русија во живо да го следи Купот на конфедерациите.
Артуро Гарсија од Монтереј со авион се упатил до Германија од каде заминал во Русија, во Казан каде Мексико го играше првиот натпревар против Португалија.
На ова патување Гарсија ја потрошил целата заштеда на неговата сопруга, дури и заработил повреда на ахиловата тетива за време на престојот во Русија. Повредата сигурно ќе му помине, но вистинското прашање е дали сопругата некогаш ќе му прости?
Според многумина Артуро Гарсија претерал, но барем го исполнил својот сон да го гледа Мексико на Купот на конфедерациите, а ја доби и славата со тоа што неговата приказна го обиколи светот.
www.mkd.mk