Мексиканскиот наркобос Ел Чапо сакал да го купи фудбалскиот клуб Челзи

0
374

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој беше уапсен минатата недела од страна на властите во земјата, наводно размислувал за купување на англискиот фудбалски клуб Челзи, пренесуваат шпанските медиуми.

Според Diario Sport, наодите на мексиканските власти укажуваат на тоа дека Ел Чапо „сериозно размислувал за купување“ на клубот.

Сепак, според правилата на англиската Премиер лига, секој потенцијален сопственик на фудбалски клуб во земјата треба да помине низ еден т.н. тест за „пристојна и примерна личност“, што би му ги отежнало намерите на мексиканскиот наркобос за купувањето на англискиот фудбалски гигант.

Според објаснувањата на англиските експерти, англиската Премиер лига го востановила ова правило во 2004-та година, како начин за „заштита на клубовите од тоа да не паднат во рацете на бескрупулозни сопственици“.

Проценките на Forbes за 2015-та година во однос на фудбалските клубови го сместуваат Челзи на шестото место на светската листа со проценета вредност од 1,4 милијарди долари. На првото место на оваа листа е Реал Мадрид, чија вредност се проценува на 3,2 милијарди долари, додека втора е Барселона со вредност од 3,1 милијарда долари./крај/мф/бс