Мексико го фати наркобосот Ел Чапо Гузман

0
553

Озлогласениот мексикански наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман повторно е уапсен по неговотоскандалозно бегство од затвор минатата година, објави мексиканскиот претседател преку својот твитер-профил.

„Мисијата е завршена: го фативме. Би сакал да ги информирам Мексиканците дека Хоакин Гузман Лоера е притворен“, напиша Енрике Пења Нието.

Ел Чапо („Кускуле“) се смета за главен наркобос во Мексико и шеф на картелот Синалоа. Американската лекарска управа го нарече Ел Чапо најголемиот наркобос на сите времиња. Во 2011 година тој наводно го надмина злогласниот „крал на кокаинот“ Пабло Ескобар. По него имаа потерница Мексико, Интерпол и САД, кои понудија награда од 5 милиони долари за каква било информација што ќе доведе до негово апсење.

Првпат тој беше уапсен во 1993 година и помина речиси една деценија во затвор со максимално обезбедување во близина на Мексико Сити, пред да избега во 2001. По 13 години во бегство, тој беше фатен во 2014 година.

 Сепак, во јули минатата година тој повторно избега од затвор, преку тунел долг 1,5 километар, длабок 10 метри, ископан од неговата сопствена ќелија, и покрај тоа што беше затворен во најобезбедениот федерален затвор во земјата.

Тунелот од објектот водеше до полуизградена празна куќа во околната област. Наводно Ел Чапо платил и до 50 милиони долари за мито за неговото бегство

Без коментари

LEAVE A REPLY