Мелбурн помина со солзи до смеа

0
3044

Пред неколку дена заминаа на турнеја низ Австралија.

Пристигнаа таму и веќе ги имаме првите впечатоци за тоа како ја стартуваа новата турнеја.

На своите профили на социјалните мрежи со фотографии и видеа екипата на „Солза и смеа“ја пренесуваат атмосферата од тоа како се прифатени од тамошната публика.

Со претставата „Тројца зетој за Нада“ ја насмеа до солзи тамошната публика.

Саше, Диме, Валентина, Кумбата, Бојан и Маријанчо се екипата од оваа претстава.

Две претстави одиграа во Мелбурн, на 21 октомври ќе играат во Волонгонг, на 27-ми во Сиднеј и на 28-ми во Перт.

 

Без коментари