„Мелодии од Виетнам“ на Бит Фест во Битола

0
462

Во рамките на Бит Фест во Битола гостуваја Гудачкиот квартет HBSO од Балетот и опера на градот Хо Ши Мин од Виетнам.
Следејќи ја програмата присутните гости имаа можност да допрат до мелодиите кои доаѓаат од едно толку далечно место.

– Музичарите се од Виетнам кој за прв пат доаѓаат во Македонија, претходната вечер имаја концерт во Скопје во склоп на Скопско Лето.Програмата ќе биде со сите композиции од виетнамски автори од разни жанрови, исто така музичарите се и водачи на симфонискиот оркестар на балет и опера и се надевам дека битолската публика ќе ужива во концертот, изјави диригентот Ле ФИ Фи

Концертот на две виолини, виола и виолончело е насловен „Мелодии од Виетнам“ кој предизвика незаборавна атмосфера во Културниот центар Магаза.

 

Без коментари