Меморандум за Еврејските гробишта во Битола

0
323

Со цел да се зачува еврејската историја на Битола, градоначалникот на Битола, израелскиот амбасадор и претседателот на Здружението „АРХАМ“ потпишаа Меморандум за реконструкција, заштита и конзервација на Еврејските гробишта во Битола.dogovor

-Меморандумот или декларацијата е многу важна бидејќи таа мотивира да работиме заеднички, институционално здружени за да не забораваме на минатото во Битола. Нашиот единствен пат и планови се врзани со иднината, со желба во Битола да донесеме многу туристи за да погледнат и да прочитаат за сведоштвата од минатото. Со овој документ ја испланиравме нашата идна соработка незборавајќи го минатото, ќе ги придвижуваме нештата бидејќи даваме нов импулс на нашата соработка, изјави Дан Ориан, амбасадор на Израел во Македонија.ambsador

Оваа година е во знакот на соработката со Израел, рече градоначалникот на Битола. Последниот период се одржаа повеќе настани кои беа само почеток на интензивирањето на соработката.

-Со потишувањето на меморандумот, Еврејските гробишта во Битола ќе бидат оттргнати од процесот на т.н. ерозија на времето, ќе се конзервираат и ќе се преземат мерки и активности за подигнување на свеста за значењето на овој објект споменик со голема културно историска вредност. На Еврејските гробишта ќе биде обезбедена дополнителна грижа и заштита на просторот, ќе биде изградена посебна алеа и ќе бидат засадени дрва, исто толку колку што некогаш во Битола имало еврејски семејства, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.taleski

После потпишувањето на Меморандумот, градоначалникот Талески и амбасадорот Ориан, ја отворија изложбата „ Еве сум ” – Израелските предели во илустрациите на детските книги од 1948 до 2014, од илустраторот Лиора Гросман.dogovor 2