Меморандум за соработка меѓу, Ресен, Корча и Пустец

0
440

Денеска во општина Ресен беше потпишан Меморандум за економска соработка

Се надевам дека она што денес го воставивме како темел на идна соработка ќе вроди со голем плод затоа што ние сме поврзани. Се надевам дека во иднина ќе работиме општините Ресен, Корча и Пустец да бидат вистинска трансверзала за нашите производи, стопанство, бизнис заедница и обратно рече м-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Општина Ресен
Ова се значајни моменти, ние имаме добра соработка со оштоина Ресен. Со овој меморандум сакаме подобро да се координираме, да се направи координативно дело и да имаме конкретни задачи и се надевам дека со заедничката соработка ќе постигнеме подобри услови за живот и за работа на жителите од трите општини рече Едмонд Темелко, градоначалник на Општина Пустец, Албанија
Најважна е соработката во туризмот, спортот, уметноста и др. Ние опрганизираме најразлични манифестации и на нив ќе очекуваме учесници и од Македонија. Но, соработката на економско поле е најважна и мислиме дека тука битна е соработката и во агробизнисот. Постои можност и заеднички да аплицираме на европски проекти, пренесе Сотираќ Фило, градоначалник на Општината Корча, Албанија