Меморијален парк на евреите во Битола

0
553

Амбасадорот на Кралството Холандија Вилен Ваутер Пломп и амбасадорот на државата Израел Дан Оријан, синоќа во Битола отворија изложба на тема „Ана Франк – Лекции за сегашноста“.
Во своите обраќања, двајцата амбасадори направија паралела од животот на младите луѓе во времето на Ана Франк и денешните можности на младиот човек.
Државата Израел низ разни содржини посветува големо внимание на образованието на младите луѓе и нивните наставници, а дел од искуствата несебично ги споделува, посочи израелскиот амбасадор во Република Македонија Дан Оријан и најави едукативна посета на 25 наставници од Битола во Израел.

Градоначалникот на Битола д-р Владимир Талески рече дека тие ја прифатиле идејата за отворање на Меморијален парк во Битола.