Mеморијален планинарски марш „Бранители 2016“

0
372

По 5-ти пат Полицискиот спортски планинарски клуб „7-ми Мај“ од Битола го одржа традиционалниот меморијален планинарски марш „Бранители 2016“. На Маршот зедоа учество повеќе планинари од планинарските клубови од Битола и Републиката.

Учесниците на маршот положија најпрво цвеќе на споменикот на бранителите, а потоа со автобус се упатија до превојот Ѓавато (Древен) од каде го започнаа стартот на маршот. Потоа се упатија до планинарскиот врв Вртешка (манастирот Св. Спас), па манастирот Св.Ана во с.Маловишта-Битола.