Менаџери на Ер Франс со скинати кошули бегаа од гневна толпа

0
223

Вработени на авио-компанијата влегоа денес во седиштето на Ер Франс на аеродромот Шарл Де Гол во близина на Париз за време на состанок на раководството за планот за отпуштања во компанијата, им ги искинаа кошулите на двајца менаџери кои потоа ја скокнале оградата и избегале во придружба на полицијата.

Фоторепортерот на агенцијата Асошиејтед прес изјави дека стотина гневни вработени влегле во зградата на Ер Франс откако ја пробиле капијата, додавајќи дека набрзо потоа ги видел двајцата менаџери како бегаат.

Ер Франс денес го соопшти планот за намалување на своите активности и укинување на речиси 3.000 работни места по неуспешните преговори со пилотите кои протестираат поради продолжувањето на работното време.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY