Менингитис кој убива за 24 часа им се заканува на 450 милиони Африканци

0
541

Менингококниот менингитис, болеста којашто „може да убие за 24 часа“ им се заканува на 450 милиони Африканци во 2016 година, предупредија во четвртокот во Абиџан експерти од осум земји од овој континент.

„Менингококниот менингитис е светски проблем, кој според оцените, секога година погаѓа 1,2 милиони луѓе и предизвикува смрт на 135.000“, соопштија лекарите од западна и централна Африка, кои се сретнаа под покровителството на француската фармацевтска компанија „Sanofi“.

Дваесет и шест жени кои се „на африканскиот појас на менингитисот кои се протега од Сенегал до Етиопија, каде што живеат 450 милиони луѓе, можат тешко да настрадаат во периодичните епидемии“, предупредија експертите на прес-конференцијата, повикувајќи на ефикасен одговор.

„Менингитисот и натаму преставува проблем, мораме да реагираме за да ја спречиме трагедијата. Ги повикавме земјите да создадат сигурносни резерви од вакцината против менингитисот кој надоаѓа, но често не нé слушаат. Се чека последниот момент, кога епидемијата веќе ќе избувне“, изјави Елиа Гилбернер, претставник на „Sanоfi“.

Професорот Мамаду Кеита Маруф од Мали се зазема за „кампањата на масовно вакцинирање поради превенција на болеста којашто практично покоси цело едно поколение“.

Епидемиите на менингитис секоја година ја погаѓаат Африка во периодот меѓу мај и декември. Сувиот период со силни ветрови кои носат прашина и студените ноќи го изложуваат населението на респираторни инфекции и го олеснува ширењето на бактериите. Болеста предизвикува воспаление на менингите и ’рбетниот мозок, а ги погаѓа главно децата и лицата во помлада возраст./крај/мф/сн