Mercedes AMG

Mercedes AMG

0 387

Mercedes во Женева го претстави атрактивниот AMG GT Concept, кој има силуета на купе лимузина и детали од спортскиот двосед AMG GT R.

Автомобилот располага со хибриден систем кој се состои од 4.0 литарски V8 би-турбо бензински агрегат и моќен електромотор. Комбинираната сила изнесува 816 коњски сили, а се пренесува на сите четири тркала. Забрзувањето од 0-100 километри на час е за околу 3 секунди.

Mercedes со овој концепт најавува проширување на AMG GT фамилијата, а сериската верзија треба да добие ознака GT4.

Поголемиот дел од елементите на каросеријата, вклучувајќи ги дифузерот, каросеријата и праговите, а исто така и кровот и предните крила, се направени од карбон. Машината добила керамичко-карбон сопирачки механизми и камери наместо ретровизори.

Коментарите се затворени.