Mercedes-Benz ја претстави иднината на автомобилите

0
386

На претпремиерата на саемот за автомобили во Франксфурт, Mercedes-Benz ја претстави иднината на автомобилите, со што почнува нова ера во автомобилската индустрија позната и под економскиот термин “Industry 4.0”, во која Mercedes-Benz ја зазема својата лидерска улога.

Клучно во стратегијата на Mercedes-Benz е целосната „дигитализација“ што треба да ги опфати речиси сите области, почнувајќи од истражувањето и развојот, потоа делот на производството и маркетинг и продажбата, а секогаш во центар на вниманието е „индивидуата“.

За таа цел, Mercedes-Benz премиерно прикажа што конкретно значи дигитализација во автомобилите, претставувајќи го новиот концепт “Concept IAA” (Интелигентен Аеродинамичен Автомобил), автомобил на иднината.