Меркел бара задолжителна прераспределба на бегалци во ЕУ

0
503

Германската канцеларка Ангела Меркел денес побара секоја земја членка на Европската унија задолжително да прими одредена квота бегалци кои во најголем број во моментов се наоѓаат во Грција, Италија и Унгарија.

Според Меркел, актуелната бегалска криза во чии рамки стотици илјади бегалци се движат кон Европа, претставува предизвик за секоја од земјите-членки на ЕУ.

Повикот на Меркел дојаде по објавувањето на новиот план на Европската комисија со кој се предвидува товарот за згрижување на бегалци во Европа да биде рамномерно поделен меѓу земјите-членки на Унијата.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY