Меркел, Давутоглу и челниците на ЕУ го фалат договорот за мигрантите

0
416

Германската канцеларка Ангела Меркел, челниците на ЕУ и турскиот премиер Мехмет Давутоглу го фалеа во саботата во текот на посетата на бегалски камп во Турција, договорот меѓу Европската унија и Анкара за мигрантите, кој жестоко го критикуваат организациите за заштита на човековите права.
„Нашата цел не е само да се запре илегалната миграција, туку и да се постигне бегалците да добијат повеќе можности во близина на нивните татковини“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата која се одржа на Универзитетот во Газиантеп, додавајќи дека „искрено е восхитена“ од напорите што ги вложила Турција во кампот во Низип.

Таа и турскиот премиер Ахмет Давутоглу во споменатата бегалска населба отворија центар за заштита на сириските деца, еден од проектите во рамките на договорот за мигрантите кој го финансира ЕУ. Меркел рече дека тие проекти го создадат можности за сите 2,2 милиони Сиријци кои живеат во Турција, а не само за 10, до 15 отсто кои живеат во бегалските кампови и ќе отвори пат за образование на сите деца на бегалците.

Германската канцеларка, исто така, истакна дека сака да воспостави безбедни зони во Сирија покрај границата со Турција каде бегалците би можеле да бидат на сигурно „Повторно побарав зони во кои примирјето е стабилно и може да се гарантира големо ниво на безбедност“, истакна Меркел.

Давутоглу, пак, изјави дека договорот со ЕУ веќе ја постигнува целта, како и дека бојот на бегалците кои секојдневно илегално преку Егејското Море настојуваат да стигнат до ЕУ паднал од 6.000 во ноември на 130 минатата седмица.

„Ние својот дел од договорот го исполнивме, изјави турскиот премиер, потсетувајќи дека е од извонредно значење турските државјани добиваат пристап во земјите на ЕУ без визи. Турските челници претходно предупредија дека договорот ќе пропадне доколку ЕУ до крајот на јуни не го задоволи барањето на Анкара од договорот за укинување на визите за турските државјани. „Визната либерализација е клучна“, рече Давутоглу додавајќи оти верува дека ЕУ ќе преземе сé договореното да се оствари.

Турскиот премиер, покрај тоа, истакна дека Анкара ќе ги преземе сите потребни мерки да ги спречи нападите на Килис, турски град покрај пограничните области коишто ги контролира џухадистичката група Исламска држава во Сирија. Килис последните седмици неколкупати беше ракетиран, а во петокот во еден таков инцидент беа убиени две и ранети четири лица.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пофално зборуваше за Давутоглу и напорите на неговата влада, велејќи дека во текот на посетата на бегалскиот камп се уверил во тоа дека Турција е „пример за целиот свет на кој начин треба да се однесува кон беалците“.

Меркел, Туск и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, го посетија бегалскиот камп Назип во близика на границата со Сирија, околу 40 километри од Газиантеп, каде што го отворија проектот за образование на сириските деца што го финансира ЕУ и разговараа со премиерот Давутоглу.

Меркел во Германија е соочена со жестоки критики поради нејзината политика на отворени врати за барателите на азил што резултираше до доаѓањето на над 1,1 милиони мигранти во земјата минатата година, и го бранеше договор со Турција пред некои членки на ЕУ кои му се противат.

Посетата доаѓа по три седмици откако стапи на сила договорот меѓу Брисел и Анкара чија цел е да го сопре незапаметениот мигрантски бран во Европа. Договорот во почетокот придонесе за значителен пад на бројот на мигрантите кои од Турција пристигнуваа во Грција, но по кусо време чамците со бегалците повторно почнаа да пристигнуваат на грчките острови, по околу 150 на ден, што покажува дека „херметичко затворање“ на рутата, како што сега изгледа, е готово, соопшти Меѓународната организација за миграции (IOM).

Противниците ја доведуваат во прашање и законитоста од договорот според кој во Турција се враќаат мигрантите кои нема да добијат азил во Грција. Тврдат, исто така, дека Турција не е сигурна земја за враќање на бегалците и мигрантите.