Меркел го критикува затворањето на Балканската рута

0
473

Германската канцеларка Меркел го критикува затворањето на границите долж Балканската рута. „Не можеме во 27 земји да си бидеме комотни и да оставиме само една земја да се снаоѓа со проблемот“, изјави таа.

„Ако не ни успее да се договориме и со Турција, тогаш Грција на долг рок нема да може да го издржи овој товар“, нагласи канцеларката. Претходно Меркел на една манифестација во покраината Рајнланд Пфалц нагласи: „Не можеме во 27 земји да си бидеме комотни и да оставиме само една земја да се снаоѓа со проблемот“.