Меркел ја одложи одлуката за нов мандат за почетокот на 2017-та

0
221

Германската канцеларка Ангела Меркел го одложила изјаснувањето за тоа дали ќе се кандидира за уште еден мандат за почетокот на следната 2017 година, објави весникот Der Spiegel во саботата наведувајќи извор од Христијанско-демократската унија (CDU).
Ова е веќе вторпат Ангела Меркел да ја одложува одлуката, што му дава време на челникот на нејзината сестринска партија баварското Христијанско-социјална унија (CSU) Хорст Зехофер да одлучи дали неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на актуелната канцеларка, се наведува во написот.

Меркел ја одложи објавата којашто првично беше планирана за почетокот на 2016 година, поради бегалската криза и тензиите со сестринската CSU. Таа на прес-конференцијата во јули изјави дека „правовремено“ ќе ја објави својата одлука.

Чекањето може да претставува проблем за Меркел, за која се очекува дека ќе се кандидира за уште еден двогодишен мандат на водечката позиција во CDU на партиската конвенција во декември, но тоа може да го стори само ако е и кандидат за канцелар.

Според Der Spiegel, во политичките кругови блиски на Меркел постои загриженоста дека објавувањето на кандидатурата без поддршка на Зехофер би можело политички да ѝ наштети.