Меркел ја повика Грција итно да ги згрижи бегалците

0
359

Грција мора итно да ги исполни своите ветувања за да обезбеди сместување за 50.000 бегалци и Европската унија треба да ѝ помогне во тоа, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју објавено во саботата.
„Грција според планот требаше да обезбеди места за прифаќање на 50.000 бегалци до крајот на 2015 година. Тоа сега треба итно да се реши бидејќи грчката влада мора да гарантира пристојно сместување“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервјуто за весникот Bild.

Мекрел додава дека Грција може да смета на поголема помош од другите земји членки на Европската унија.

„Знам, врз основа на своите разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас, дека тој тоа сака да го стори, но и дека му е потребна и нашата помош и затоа ЕУ мота и сака солидарно да ѝ помогне на Грција“, додава германската канцеларка.

Меркел, којашто во Германија и жестоко критикувана поради отворената политика за прифаќање баратели на азил што придонесе во 2015 година во оваа земја да влезат повеќе од 1,2 милион мигранти, истакнува, исто така, дека Австрија и земјите по ткн балканска мигрантска рута, меѓи кои и Македонија, биле во голем дел виновни за она што се случува со мигрантите во Грција, бидејќи „еднострани воведоа гранични контроли“./крај/мф/сн