Меркел кај Путин

0
250

Германската канцеларка е во посета на Русија, каде ќе разговара со претседателот Путин околу Украина, Сирија и други теми кои ги оптоваруваат германско-руските односи.

Ангела Меркел денеска во Сочи првпат во последниве две години на руско тло се состанува со претседателот Путин. Тие ќе разговараат за војната во Сирија, конфликтот во Украина, како и планираниот самит на Г20 во Хамбург.На дневен ред можеби ќе се најде и рускиот обид за влијание врз јавното мислење во Германија.Пораката на Меркел би требало да биде јасна, очекува Гернот Ерлер, ополномоштеник на германската влада за Русија: „Неприфатливо е мешање во работите на друга земја на таков начин, со илегални методи, како што се прислушување и хакерски напади. Мислам дека руското раководство е свесно што би значело за германско-руските односи, ако таквите методи продолжат и ги поддржи.“