Меркел нема план „Б“ за бегалската криза

0
411

Германската канцеларка Ангела Меркел не се откажува од политиката на отворени врати за бегалците, тврдејќи дека оваа политика е од интерес на Германија.

Во интервју за германската национална телевизија АРД Меркел вели дека не е лесно и оти патот е тежок, порачувајќи притоа дека тие што размислуваат за Германија треба да размислуваат и за Европа и за регионите до Европа.

– Длабоко сум уверена дека патот по кој што тргнав е вистинскиот, вели канцеларката која што тврди дека нема план „Б“ за бегалската криза.

Во врска со позицијата на Грција во бегалската криза Меркел порача дека Европската унија не смее да дозволи оваа земја да „влезе во хаос“ поради приливот на илјадници мигранти кои што сега се заглавени на грчка територија поради блокадата на границите на земјите од „Балканската рута“.