Меркел призна грешки во справувањето со мигрантите

0
273

Германија и другите земји на Европската унија ги затворија очите за бегалската криза која премногу долго трае на надворешните граници на Унијата. Ова го изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за денешното издание на Зидојче цајтунг. Таа оценува дека мигрантите уште долго време ќе бидат предизвик за ЕУ, пишува Радио Слободна Европа.

Меркел, која се соочува со критики во Германија за нејзината политика на добредојде на бегалците што ја започна пред една година, во интервјуто додава дека на Германија и на Европската унија ќе им ќе требаат трпение и издржливост за справување со миграцијата на луѓе во Европа.

„Во Германија премногу долго го игнорираме овој проблем за кој во исто време е блокирана и неопходноста од изнаоѓање пан-европско решение“, вели таа во невообичаената самокритична анализа која изгледа е темпирана на годишнината од нејзината славна изјава „можеме да го сториме тоа“ кога беше запрашана за растечкиот мигрантски бран во Европа.

Без коментари

LEAVE A REPLY