Меркел се закани со финансики санкции кон Унгарија

0
186

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Унгарија би можела да се соочи со финансиски санкции, доколку не ја почитува  одлуката на Судот на ЕУ, кој реши дека Будимпешта мора да прифати одреден број бегалци согласно планот на Европската комисија за прераспределба на мигрантите меѓу земјите членки на Унијата.

„Секој кој не ја почитува солидарноста треба да знае дека тоа нема да мине без последици, вклучително и при преговорите за идната финансиска помош“, изјави Меркел во интервју за весникот „Нордвест Цајтинг“ на една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 24 септември.