Мерцедес бенз за Првата помош во Битола

0
1237

Здравствениот дом од Битола денеска збогатен со уште едно амбулантно возило. Амбасадорот на Словачка му го предаде на директорот на оваа установа. Станува збор за возило од марката „Мерцедес бенз“, донација од Република Словачка. Возилото е наменето за Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување и е комплетно опремено со медицинска опрема.
ambulantno-vozilo-4
-Продолжуваме со проектот донации на амбулантни возила. Минатата година ваква донација доделивме на Здравствениот дом во Скопје, а денеска и во Битола. . Станува збор за амбулантно возило од марката „мерцедес бенз спринтер“, за потребите на службата на итната медицинска помош. Возилото е опремено со соодветна медицинска техника и во него има дефибрилатор, монитор, аспиратор и друга опрема за прва медицинска помош, изјави Мартин Безак амбасадор на Р.Словачка во Р.Македонија

ambulantno-vozilo-2

Од  голема важност  е зајакнувањето на возниот парк на Службата за ИМП  со вакво амбулантно возило бидејќи Службата  е од витално значење за градот и неговата околина која со својата дејност  услужува голем број на жители од Битола и од околината. Ова е прво вакво возило од марката Мерцедес бенз. Вкупно сега имаме 6 амбулантски возила, нагаласи директорот на Здравствениот дом во Битола д-р. Благој Радевски

ambulantno-vozilo-2
Амбасадорот на Словачка информираше дека набавкката на возилото ја обезбедиле од приватната компанија „Фалк “ од Словачка и словачката агенција за меѓународна размена.