Месец на авантура во Новаци

0
456

Велосипедизам, параглајдеризам, друмско возење, планинско пешачење, 10 настани за време на пет викенди, месец на авантура, од 12 септември до 12 октомври. Ова се можностите за сите авантуристи кои ќе станат дел од проектот на Пелагонискиот регион преку проектот „ Откриј ја Пелагонија “. За старт, општина Новаци се вклучува со два настани, Планинарскиот марш Кајмакчалан и мото тура низ Мариово.

lazar koteveski 10 09

Ова како општина го презедовме од ЦРППР бидејќи можеме да го реализираме и организираме како проект, со цел да ги прикажеме убавините на недопрената убавина на мариовскиот дел, рече Лазар Котевски градоначалник на Новаци.

Маршот на кој е предвидено да земат учество околу 100 планинари, од Србија и Македонија завршува на 2521 метар, надморска височина, на 12 септември. Се поаѓа од 04:00 часот изутрина до 20:00 вечерта.Заедницата на Срби во Битола долги години го планирала овој марш кој се надеваат ќе стане традиционален.

zoran zugic 10 09
Зоран Жугиќ од заедницата на Срби во Битола вели дека планинарите ќе бидат со превоз организиран донесени од Скочивир кај летната Касарна сега плнинарски дом се поаѓа од месноста Сива Стена преку Старков гроб до врвот на Кајмакчалан.

Жугиќ дополни дека имаат планови и активности Кајмакчалан да стане планина на задоволства и благодети и преку други настани, како што е догодина 100 годишнината од Кајмакчаланската битка. Мото турата низ Мариово е вториот настан кој ќе се случи на 23 септември.

vangel kotevski 10 09

Ванѓел Котевски еден од организаторите на мото турата низ Мариово рече дека поаѓањето е од пред општина па до Скочивир и завршува кај мостот на Зовиќ. Планирани биле околу 30 учесници со околу 20-на возила.

mariovo 2 10 09

Покрај на ваков начин на промоција на општина Новаци, Котевски посочи и развој на меморијалниот туризам преку ИПА програмата заедно со општина Алмопија од Грција преку реконструкција на ровови, магацини, болници од Првата Светска војна.