Месец на авантура во Пелагонија

0
639

Пелагонија – Создадена за авантура. „Откријте ја Пелагонија“ е мотото на месецот на авантура кој ќе се случува од 12 септември до 12 октомври во сите 9 општини на Пелагонија. Сите оние кои ќе присуствуваат на 10-те настани во петте викенди ќе можат да учествуваат во активности како што се велосипедизам, параглајдинг, друмско возење, пешачење по планински патеки. Тука е вклучено и државното првенство во мотокрос во Братиндол, мото турата во Мариово и Тракторијадата во Могила.pelagonija

-Оваа манифестација се одржува по втор пат, минатата година беше само во Крушево. Регионот Пелагонија е брендиран како дестинација за авантуристички туризам, изјави Емилиа Ѓероска, директор на ЦРППР.emilia 4.09

Месецот на авантура започнува од Преспа, поточно од новата плажа во Стење на 12 и 13 септември.

-Ќе можат да уживаат во кампување, болдеринг, параглајдерство, но и во преспанските специјалитети, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен.goko 4.09

Проектот е поддржан од УСАИД, а се вклучени сите 9 општини од пелагонискиот регион, како и спортските клубови од регионот.

Програмата ќе биде објавена на фејсбук групата „Discover Pelagonija“.