Меси демантира дека има никаква врска со Панама

0
372

Лионел Меси категорично ги демантираше последните новинарски пишувања кои го поврзуваа најдобриот светски фудбалер со нов скандал со затајување на данок, овојпат преку панамски компании. Името на Меси се појави како едно од најзвучните од бројните сознанија за перење пари преку фиктивни фирми од оваа средноамериканска земја, но членот на Барселона јасно стави до знаење дека станува збор за неточни информации, најавувајќи тужби против медиумите кои први се појавија со обвинувањата кон него и неговиот татко.