Меси го постигна голот на сезоната во Европа

0
348

Лионел Меси голот кој е прогласен за најубав во сезоната го постигна против Рома на „Камп Ноу“. Овој гол на Аргентинецот добил 215.417 гласови, односно 34 отсто од гласовите за „Гол на сезоната на УЕФА“.

Втор во изборот е голот кој футсал репрезентативецот на Португалија, Рикардињо, го постигна на ЕП против Србија, кој освои 13 отсто од гласовите, а трет голот на Џердан Шакири во осминафиналето на ЕУРО 2016, односно на натпреварот Швајцарија-Полска.