Меси и неговиот татко осудени на 21 месец затвор

0
1352

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Лео Меси и неговиот татко добиле затворска казна од 21 месец поради затајување данок.

Ѕвездата на Барселона и неговиот татко се товарат дека затаиле данок од околу 4,1 милиони евра во периодот од 2007 до 2009.

Весникот Ел Периодико де Каталуња вели дека судот денеска ги известил страните за пресудата, а Лео Меси и неговиот татко добиле 21 месец затвор.

Ваквата одлука сигурно ќе биде обжалена, но и покрај тоа веројатно ниту фудбалерот ниту неговиот татко нема да завршат зад решетки бидејќи казната не е подолга од две години.