Меси ја порази Панама и ја квалификува Аргентина во четвртфиналето

0
403

Фудбалерите на Аргентина се пласираа во четвртфиналето од Копа Америка, коешто се одржува во САД, откако ноќта кон саботата по средноевропско време во второто коло од Групата Д ја совлада Панама со 5:0 со трите погодока на Лионел Меси.

Аргентина поведе со голот на Отамнеди во 7. минута, и тоа беше единствениот погодок во првото полувреме. Во 61. минута во игра влезе Лео Меси и веднаш постигна хет-трик, тресејќи ја противничката мрежа во 68., 78. и 87. минута, а стрелецот за конечните 5-0 беше Серхио Агуеро во 90. минута.

Чиле во ситата група ја совлада Боливија со 2-1, а двоен стрелец за бранителот на титулата беше Артуро Видал. Тој го доведе Чиле во водство во 46. минута, изедначувачкиот гол за Боливија го постигна Џасмани Кампос во 61. минута, а видал му ја донесе победата на Чиле од пенал дури во 10-та минута од судиското продолжение.

Аргентина со максималните 6 бодови веќе се пласираше во четврфиналето, додека Чиле и Панама, кои имаа по 3 бода, ќе решаваат за вториот патник во нокаут фазата во меѓусебниот дуел, кој ќе се игра во среда