Месо замрзнато од пред 34 години стигна во Бар – каде ќе заврши?

0
631

Замрзнато месо од 1982 година, пристигна во пристаништето во Бар во Црна Гора и се преземаат сите мерки тоа да не пристигне на пазарот во Србија, соопштуваат од Царинската управа на Србија.

На сите царински испостави им било наложено да се преземат мерки за да се зајакне контролата, на товарниот и патнички сообраќај со посебен акцент на границите и на граничните премин со Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, како и на административните премини со Косово.

Царинската управа вели дека ќе се труди да го спречи секој обид за поткопување на безбедноста и здравјето на граѓаните.

На граничните премини, карго товар на живо или замрзнато месо во секој случај не е можно да мине, ако не е придружено со пропишаните документи издадени од страна на граничната ветеринарна инспекција, објаснува во соопштението.

Ако има обид за шверц, а непријавеното карго помине преку алтернативни премини, потенцијалните шверцери ќе се соочат со мобилни тимови на Одделот за борба против криумчарење имплементирани од страна на т.н. „контрола во длабочина”.

Од инспекциските служби во Црна Гора велат дека им треба време да ги проверат наводите за месото. За случајот дознале од медиумите.