Местото на Западен Балкан е во ЕУ

0
174

Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата во Белград со еврокомесарот Јоханес Хан истакнал дека неговата земја смета дека местото на целиот западен Балкан е во ЕУ, бидејќи без вклучување на регионот, заедничкиот економски и политички простор на европскиот континент нема да биде целосен. Тој нагласил и дека полноправното членство во Европската унија е главен надворшно-политички приоритет на Србија.