Месут Мемишоски-полицаецот од Битола

0
1298

На социјалните мрежи се споделува фотографијата на Игор Бансколиев објавена во весникот Нова Македонија, на која се гледа македонски полицаец кој му дава шише вода на дете, кое е дел од илјадниците бегалци кои чекаат на границата помеѓу Македонија и Грција за влез во нашата земја, од каде би го продолжиле патот кон некоја од западните европски земји каде ќе бараат азил.

Станува збор за Месут Мемишоски полицаец од СВР Битола.

„При нашето доаѓање до бегалскиот камп, вниманието ни го привлече дете на двегодишна возраст. Стоеше покрај полицаец и срамежливо погледнуваше во него. Нашиот полицаец го виде тоа и забележа дека детето всушност гледа во неговото шише со вода. Без размислување, полицаецот со голема нежност во своите движења, за да не го исплаши детето, и со насмевка во очите клекна до него, го отвори шишето и му го подаде на детето, гушкајќи го. Со големи голтки тоа отпиваше од течноста. Се виде дека тоа не беше режирано, ниту наметнато или наредено. Не беше ниту инцидентно. Се разбира дека нашиот млад полицаец во очите на тоа дете можеби ја видел солзата на својот син или ќерка“, пишува Нова Македонија.