Метеоролошки хаос во Италија

0
338

Изразеното циклонско влијание со центар во северниот дел на Италија деновиве, донесе голема количина на дожд за релативно краток временски период. Токму оваа ситуација резултираше со полави и одрони на земјиштето во централна и јужна Италија.

Засега се јавува за 5 човечки жртви и милиони евра штета.Во областа Кампанија (Campania) наврнаа и до 200 литри дожд на метар квадратен за 24 часа, што е еднакво на просекот за цел месец октомври! Двете реки во градот Бенвенето, Калоре и Сабато, се излеани на неколку места и со тоа целосно се потопени пониските делови од градот, а предизвикани се голем број на свлечишта. Две жртви од петте се токму од овој регион. На помош на граѓаните за расчистување на калта доаѓа и Италијанската армија, пишува Метеопро