Метеорски дожд над Битола

0
2110

Фотографии од набљудувањето на метеорскиот дожд Персеиди направија и членови на Астрономското друштво од Битола кои што во близина на Ѓавато на 13 ти август го набљудуваа свезденото јато, плеади, млечниот пат, источното, јужното и северното свездено небо. Фотографиите се на битолчанецот Диоген Хаџи Коста Милевски а една фотографија е на познатиот битолскиот фотограф Михаил Гаџовски.

Луѓето низ целиот свет можеа да го проследат силниот метеорски дожд, за кој се смета дека е најактивниот по подолго време. Тоа решија да го посведочат со неверојатни фотографии, на кои јасно се гледаат Персеидите.Користени се фотографии од скопското астромско друштво

Секоја година, Земјата се судрува со остатоците од кометата Сфивт-Тутл, која се протега 16 милји. Овие остатоци исчезнуваат во земјината атмосфера, создавајќи прекрасно светлечко шоу секое лето.

Годинашниот метеорски дожд Персеиди, кој се гледа од северната хемисфера почна на 17 јули и врвот го достигна ноќта петок спроти сабота  „НАСА“ вели дека годинава бројот на метеори е двојно поголем со околу 200 остатоци од кометата „Свифт-Татл“ на час, кои горат во горниот дел од атмосферата на Земјата со брзина од 210.000 км/ч.

Метеорите од метеорскиот дожд се движат по паралелна патека и со иста брзина, па изгледаат како да потекнуваат од една точка на небото. Таа точка во овој случај е соѕвездието Персеј и затоа се наречени Персеиди.
Дали и колку од метеорскиот дожд може да се види зависи од локацијата. Најдобро време за набљудување е околу полноќ, кога нема месечева светлива и вештачка светлина од градовите.